Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израелците испратија тенкови во најголемиот бегалски камп во Газа: Џабалија на мета, таму се кријат околу 100.000 цивили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
izrael

Израел рано утринава испрати тенкови во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, по силните воздушни и копнени напади во кои загинаа 19 луѓе, а десетици беа ранети, соопштија здравствените власти.

— реклама —

Џабалија е најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа и е дом на повеќе од 100.000 луѓе, од кои повеќето се потомци на Палестинците кои беа протерани од градовите и селата во денешен Израел за време на арапско-израелската војна во 1948 година, која доведе до создавањето на државата Израел, рече тој.

— реклама —

Израелската војска доцна синоќа соопшти дека силите кои дејствуваат во Џабалија го спречуваат Хамас, кој ја контролира Газа, повторно да ги воспостави своите воени капацитети таму.

— реклама —

„Во изминатите недели идентификувавме обиди на Хамас да ги рехабилитира своите воени капацитети во Џабалија. Ние дејствуваме таму за да ги елиминираме тие обиди“, рече портпаролот на израелската армија Даниел Хагари за време на брифингот со новинарите.

Хагари, исто така, рече дека израелските сили кои дејствуваат во областа Зејтун во Газа убиле околу 30 палестински милитанти.

Израелската армија ги врати тенковите во Ал-Зејун, источно предградие на градот Газа, како и во Ал-Сабра, каде што жителите исто така пријавија тешки напади во кои беа уништени неколку куќи, вклучително и повеќекатници. Израелската војска претходно тврдеше дека ја презела контролата врз повеќето од овие области пред неколку месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Свет | пред 1 месец

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Свет | пред 1 месец

media-librarylrb5mhoc9rj55RqAUqp

Поранешен заложник на Хамас ги опиша 498-те дена мачење и заробеништво

Свет | пред 2 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел забрани работа на 37 странски невладини организации во Газа

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања