Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Извод за новороденче ќе се добива во болница во рок од 48 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
bebe

Извод на новороденче ќе има во болница, а пријавувањето ќе биде електронски, најави Министерството за дигитализација за веќе на почетокот на следната година, за што родителите ќе мора да креираат личен профил на интернет страницата uslugi.gov.mk.

— реклама —

–Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе) – се наведува во соопштението на Министерството.

— реклама —

Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.

— реклама —

–Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади – се додава во соопштението.

Инаку, вадењето извод на новороденче е сериозен проблем за родителите. Освен што со часови чекаат на шалтер да ги поднесат документите, никогаш не се знае колку време ќе помине додека биде готов документот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

655-402-bebe

Тетка во британска градинка со нога притискала едногодишно дете за да го успие

Свет | пред 5 дена

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Свет | пред 1 месец

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Свет | пред 1 месец

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања