Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Извозот од ТИРЗ над 1 милијарда евра во првите четири месеци од годинава Inbox

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
iycrogoyvk6ngeslje08

Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Само во однос на 2021 растот е за 4%, во однос на пандемиската 2020 за 74%, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19% односно за 51%. Инаку извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за 5% споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигна речиси 1 милијарда евра што е за 75% повеќе од 2020 година, односно за 13% повеќе од 2019 и 55% повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси 2% наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10%.

Анализата покажува и дека околу 70% од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава однос на април 2021.

— реклама —

Раст од речиси 4% има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14.500 наши сограѓани.

Исто така првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за 3%, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за 5% повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во Зоните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

J4A3115

Јован Деспотовски осомничен дека како директор на ТИРЗ направил злоупотреби - објавени детали

Македонија | пред 1 година

— реклама —
IMG_5106

Директорот на ТИРЗ Димовски во официјална посета на Текнопанел

Македонија | пред 1 година

J4A3115

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања