„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Јусуфоски: Капитулација на здравството пред приватно-јавно партнерство, или нова невозможна мисија со веќе познат крај?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
enser-jusufoski

Во последниве денови сме сведоци на можеби уште една катастрофа кога се во прашање реформите во здравството, бидејќи министерот преценил дека оваа реформа му е потребна на нашето здравство а тоа е јавно- приватно партнерство. Министерот без јавни дебати помеѓу сите засегнати страни и стручни лица решава една многу осетлива хируршка гранка- детска кардиологија да ја префрли во приватен здравствен објект со државен и приватен здравствен кадар, без многу јаснотии околу тоа кој, колку, кому и зошто ќе плаќа“, вели потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, Енсер Јусуфоски.

„Фондот за здравство како добродушна страна во овој случај излегува во пресрет да ги плаќа услугите на приватната болница, без да наведе суштински причини околу ваквото партнерство.

— реклама —

Додека се подготвува стартот на оваа авантура, чудни ветришта дуваат кон реформите за идната година. Ни трага ни глас од ветеното бесплатно здравство и подобра снабденост со лекови и други медицински помагала.

— реклама —

Почитувани колеги, исправете се и кажете го вашето мислење, не ја виткајте кичмата постојано! Вие доволно сте истрошени од постојаните реформи и неизвесноста која не следи веќе 28 години!

— реклама —

После секое потклекнување се потешко можеме да се исправиме.

Да бидеме ислушани од нашите колеги и со факти и докази да направиме добар почеток и исчекор со стабилни реформи во новата година.

Да направиме нешто подобро за сегашноста и иднината“, вели Јусуфоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања