Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Како беше убиена Лаика - едно од трите кучиња тренирани за летови во вселената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
lajka

На  3-ти ноември 1957 година умрела Лаика. Поточно речено - убиена е со експеримент. Родена е на московските улици и била едно од трите кучиња тренирани за летови во вселената. Имала само 3 години и 6кг и била избрана за лансирање со Спутник 2 кој не бил направен за враќање, со што се знаело дека е осудена на смрт. Документите велат дека имала прекрасен карактер, питома, и дека никогаш не влегувала во конфликт со други кучиња.

— реклама —

Пред лансирањето еден од научниците ја одвел Лаика дома за да си поигра со неговите деца. Др.Владимир Јаздовски напишал: "Сакав да направам нешто убаво за неа. И остана уште толку малку време да живее." За самата смрт на Лаика дури после децении се дознала правата вистина, дека умрела од стрес и презагревање во кабината. За етичките проблеми на овој експеримент Советскиот Сојуз не се бавел долго, сé до 1998 година, кога по падот на советскиот режим, Олег Газенко, еден од научниците одговорни за испраќањето на Лаика во вселената, изразил жалење што допуштил таа да умре:

— реклама —

"Работата со животни претставува еден вид страдање за сите нас. Кон нив се однесуваме како со бебиња кои не умеат да говорат. Што повеќе време поминува, се повеќе ми е жал за тоа. Не требаше да го направиме тоа...Не дознавме доволно од оваа мисија, за да ја оправдаме смртта на ова куче."

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања