Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Како не треба да изгледа EYOF – Македонија покажа „пример“ пред 49 земји!

објавено пред 8 месеци -

Коментари
EYOF

Со години се подготвуваат олимпијади — зимски, летни, младински, старински... Држави вложуваат стотици милиони, години однапред трешти пропагандна машинерија, се градат сали, села, системи и сјај. А кај нас, Младинската олимпијада мина како месна забава во трета смена. Ни глас, ни трага. Скопје и Куманово ја угостија Европа, 4.000 спортисти од 49 земји, а јавноста дозна од некое стори на Инстаграм и неколку очајни објави на самите натпреварувачи.

— реклама —

Медиумите беа обвинети за слабо покривање. Па не можат новинарите да гатаат со гравчиња кога, каде и што се случува. Мора кампања, мора да се вреска, да има билборди, инфо-фрчење, соопштенија, ТВ-спотови, реклами во јавен превоз, сѐ ако сакавме да биде настан, а не трошка во спортски дрес.

— реклама —

За „Експо 2027“ во Србија веќе знаат и врапчињата на гранките. А кај нас? Олимписки настан мина со паднат таван во студентски дом, без клима на 45 степени, двајца во еден кревет како во поствоена болница и храна која ги инспирираше спортистите на ТикТок со #worstexperience.

— реклама —

Министерството? Рака мијат, велат: „Ние дадовме милион евра на МОК“. Одговорност? Не, тоа е спорт за себе.

А велосипедистите од Исланд кои ги удри автомобил на тренинг? Па зошто не тренирале со агенда?! Зарем нашите велосипедисти кога возат 100тина километри, ги следи конвој? Не. Ама не се гости на меѓународна спортска манифестација.

Се прашувате колку време се спрема ваков настан? И нема да одиме подалку, нема споредба со САД или Кина!

Шаховската олимпијада во Скопје (1972) – години подготовки, посебен комплекс, државен приоритет.

Универзијадата во Загреб (1987) – изградено студентско село, нови спортски сали, цела држава се вклучи.

Зимската олимпијада Сараево (1984) – пет години подготовки, изградени спортски центри, патишта, инфраструктура.

А кај нас? Студентски дом, без клима, без превоз...

Каков дочек, таков спомен. А со ваква организација, ќе не паметат и тие што не сакаа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања