Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, вели Јанчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryia5umrtpq5n3590vNOU

Преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на работилница во Кавадарци.

„Денес во Кавадарци се одржува значаен настан посветен на идниот развој на нашата општина. Работилница за стратегија за еко-туризам на општина Кавадарци, на која покрај градоначалникот Митко Јанчев учествуваат и г-дин Армен Григоријан постојан претставник на УНДП во Македонија и г-дин Севак Ховханисјан лидер на тимот на Цивита.

— реклама —

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Иако веќе препознаено како винска туристичка дестинација, денес ја презентираме финалната верзија на Стратегијата за развој на туризмот – документ изработен низ инклузивен процес со работилници, консултации и активна вклученост на заедницата и приватниот сектор.Оваа стратегија ќе овозможи нови работни места, збогатување на туристичката понуда и продолжување на престојот на посетителите.

— реклама —

Продолжуваме заедно да го градиме Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација“, вели градоначалникот Митко Јанчев/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

veligdenski-jajca

Две жени во Кавадарци затруени од велигденски јајца

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypif28ud6ql1459mpYO6

Младо момче од кавадаречко пронајдено мртво во својот дом во кавадаречко

Македонија | пред 2 месеци

655-402-bebe

Повраќало, но имало уредни анализи - што се случувало пред смртта на бебето во Кавадарци

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Трагедија во Кавадарци: Починало двомесечно бебе во кавадаречката болница, наредена обдукција

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања