Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ким Џонг Ун се појави во јавноста со фаворитката за негов наследник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryuanpn87or3e42w4BfIi
YouTube/Print Screen

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на свеченото отворање хотели во туристичка зона, во придружба на својата ќерка Џу Е, и го пофали економскиот напредок на земјата во пресрет на клучниот партиски конгрес што треба да се одржи на почетокот на 2026 година.

— реклама —

Пет хотели беа отворени во саботата и неделата во севернокорејската туристичка зона Самјијон, во североисточниот дел на Корејскиот Полуостров, во близина на границата со Кина, објави во вторникот државната новинска агенција КЦНА.

— реклама —

Фаворитка за идна лидерка на Северна Кореја

— реклама —

Ким во саботата ги обиколил луксузните хотели заедно со Џу Е, според фотографиите објавени од државните медиуми. Според некои аналитичари, Џу Е се смета за фаворитка за наследничка на својот татко на чело на Северна Кореја.

Ким изјавил дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и за развојниот потенцијал на нашата земја“, пренесува КЦНА. Севернокорејскиот лидер во изминатиот месец присуствувал на повеќе свечени отворања на производствени погони. Само минатата недела бил на отворањето на три регионални фабрики.

Се очекува Северна Кореја на почетокот на 2026 година да го одржи својот прв партиски конгрес по пет години, на кој треба да биде претставен нов развоен план за следните пет години. Државните медиуми, меѓу кои и „Родонг Синмун“, повикуваат на сеопфатен ангажман на јавноста за завршување на големите проекти пред одржувањето на конгресот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

putin-kim1

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва

Свет | пред 5 дена

Putin-i-Kim-Djong-un

Ким Џонг Ун би можел наскоро да ја посети Русија: „Се договараат датуми“

Свет | пред 1 седмица

Kim-1

Ким Џонг Ун реизбран за генерален секретар на владејачката Работничка партија

Свет | пред 1 месец

media-library7qe988vfjftr21quKOM

Северна Кореја претстави огромни воени дронови – Ким Џонг Ун: ВИ е приоритет за модернизација на армијата

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања