Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кина користи соларни панели за борба против ширењето на пустините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Во сувиот северен дел на Кина, десетици работници ги одржуваат насадите со гоџи бобинки кои растат под сенката на илјадници соларни панели. Соларната централа со капацитет од 1 гигават во регионот Нингсија е дел од мрежа поставена низ северна и западна Кина, чија цел е да го запре ширењето на пустините со помош на сенката што ја создаваат панелите.

— реклама —

Компанијата „Баофенг“, која го поседува постројката, планира да инсталира вкупно 30 гигавати соларна енергија, дел од кои ќе бидат искористени токму за спречување на дезертификацијата. Сличен проект со капацитет од 1 гигават веќе функционира во Мајјатан, потврдува потпретседателот на компанијата, Лиу Јуангван.

— реклама —

„Соларните панели се како чадори – создаваат сенка и го задржуваат влагата во почвата“, изјави тој за време на обиколка организирана од кинеската влада.

— реклама —

Отприлика четвртина од територијата на Кина е класифицирана како зафатена со пустини, а обидите за нивно сузбивање траат од 1970-тите години. Соларните панели поставени врз исушени површини се најновото оружје во овој долгогодишен процес. Тие се дел од програмата „Три севери“, која започна во 1978 година и ќе трае до 2050 година. Панелите создаваат микроклима за садење грмушки и треви отпорни на суша, додека заштитните бариери околу нив ја намалуваат брзината на ветрот и го запираат движењето на песокот.

Иако ваквите проекти сè уште претставуваат мал дел од стотиците гигавати нови соларни панели што Кина ги инсталира секоја година, властите најавуваат забрзано зголемување на нивниот број. Во 2023 година Пекинг донесе правило што забранува поставување панели на обработливо земјиште, со цел да се зачува хранопроизводството.

Според плановите, во периодот од 2025 до 2030 година ќе бидат инсталирани 253 гигавати соларна енергија за обновување на околу 7.000 квадратни километри земјиште. Сепак, резултатите доаѓаат бавно. Минатата година пустините опфаќаа 26,8 проценти од територијата на Кина, што е минимално намалување во споредба со пред десет години.

Во природниот резерват Бајјитан, кој се наоѓа неколку часа од локацијата на Баофенг, со децении работа беа обновени околу 800 квадратни километри. „Ова е долга борба за контрола на пустините. Не можеме да кажеме дека ќе ги искорениме, но можеме да ја намалиме нивната штета“, изјави директорот на резерватот Ванг Шјаолинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Свет | пред 15 часа

media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Свет | пред 6 дена

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања