Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Китански: Пехчево ќе го направиме да биде енергетски ефикасна општина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarybh6agu7nt7ki5nXijss

Александар Китански, кандидат за градоначалник за општина „Пехчево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во неговиот четиригодишен мандат и покрај сите опструкции од тогашната централна власт, изградени и реконструирани се многу улици, подобрени условите во училиштата, комуналната инфраструктура, како и реализирани капитални проекти барани од страна на граѓаните.

„Иако, кога станав градоначалник, на почетокот од мојот мандат имав огромни опструкции од тогашната централна власт, со направени технички документации, аплицирани проекти, а не одобрени од страна на тогашните министерства и тогашната влада, сепак успеавме со мојот тим да направиме многу изградивме, обновивме, променивме. Реконструиравме улици, ги подобривме условите во училиштето и градинката, инвестиравме во комуналната инфраструктура, вложувавме во младите и во културата, развојот на туризмот, промоција на градот, благодарение на сегашното раководство на Владата на Република Македонија. Реализиравме капитални проекти кои долги години беа барани од страна на граѓаните и истите се од огромно значење“, рече Китански.

— реклама —

Китански наброи дел од проектите на изборната програма за наредниот четиригодишен мандат.

„За наредните четири години имаме јасна визија и конкретна програма која произлегува од вашите потреби, а не од празни партиски ветувања. Ќе инвестираме во локалната инфраструктура, локални улици, водовод, канализација,  поддршка на земјоделството и унапредување на образованието и создавање на нови, современи, модерни и достоинствени услови за нашите деца и за наставниците, унапредување и осовременување на здравството и здравствената заштита со набавка на нова и современа опрема, развој на туризмот нашата општина располага со прекрасни планини, реки, чист воздух и уникатна природа, поддршка на младите и развој на спортот за општина со здрави навики, поддршка на културни настани и развој на културата во Пехчево, ќе се бориме и ќе работиме заедно за чиста и енергетски ефикасна општина“, посочи Китански.

— реклама —

На крај Китански ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за ново, подобро и посилно Пехчево.

„Дајте го гласот за број 9, за мене како кандидат за градоначалник и број 9 за советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“, а со тоа давате глас за сигурна иднина, гласот за сите нас е глас за ново, подобро и посилно Пехчево, глас за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, рече Китански.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 1 час

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 19 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања