Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ќе се реконструира улицата „Лазар Трповски“ во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryais57cg2onfr26Lu6Mf

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир, посочуваат од Град Скопје.

— реклама —

„Започна реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, еден од најголемите и најзначајни инфраструктурни проекти во Чаир

— реклама —

Денес, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означивме почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“.

— реклама —

Проектот е клучен, бидејќи значи поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните.

Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување.

Ова е современо сообраќајно решение кое ја става безбедноста на прво место - и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите.

Сите знаеме дека во минатото оваа улица беше црна точка на сообраќајната мапа на градот, место каде што премногу често се случуваа незгоди.

Со оваа реконструкција ставаме крај на импровизациите и на небезбедните услови.

Воведуваме јасна сигнализација, подобра прегледност и инфраструктура што одговара на реалните потреби на граѓаните.

Чаир добива улица по европски стандарди, функционална, безбедна и модерна.

Но тука не застануваме.

До крајот на годината започнуваме постапка за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“ - една од најважните градски трансверзали низ која секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани и која поврзува неколку скопски општини.

Овој проект ќе значи трајно решение за метежот, за небезбедноста и за долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница, каде речиси секојдневно се случуваат незгоди.

Она што со години беше само празно ветување, денес станува реалност.

Наместо зборови,

дела.

Наместо изговори, резултати!

Скопјани заслужуваат безбеден, функционален и уреден град.

Напролет започнуваме со низа клучни проекти кои конечно ќе стават крај на проблемите што со децении ги оптоваруваат граѓаните.

Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро.

Тоа подобро, реално ќе го живееме.“, изјави Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r5n0i0ot87l5rFr57B

Чаир во пресрет на Бајрам: акција за чистење на јавните површини

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 1 месец

42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни активности

Скопје | пред 1 месец

media-libraryijho06ujh12f5qQZQWx

ЗХГ предупредува: Советот не смее да гласа милиони без јасен проект за „Цветан Димов“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања