Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кој е човекот што го победи Орбан: Подемот на Петер Маѓар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

По изборниот пораз на Виктор Орбан, вниманието се насочува кон човекот што го победи – лидерот на Тиса, Петер Маѓар.

Маѓар е 45-годишен адвокат кој до неодамна бил дел од системот на власта. Работел на позиции поврзани со државни институции и важел за човек близок до владејачките структури. Во јавноста долго време бил познат и како сопруг на поранешната министерка за правда Јудит Варга, членка на Фидес.

— реклама —

Неговиот политички подем започна на почетокот на 2024 година, кога во ек на скандал објави снимка од разговор со Варга, во која таа зборува за наводни интервенции од врвот на власта во обвинителски предмети. Тој потег означи драматичен раскин со системот и му донесе огромно внимание во јавноста.

За кратко време, Маѓар ја презеде Тиса и изгради силно опозициско движење, привлекувајќи гласачи разочарани од економската стагнација, растот на трошоците за живот и корупцијата.

— реклама —

Во програмата најави враќање на демократските механизми, подобрување на односите со Европската унија и деблокирање на замрзнатите фондови. Меѓу првите чекори се споменува и приклучување кон Европското јавно обвинителство.

Сепак, во дел од политиките останува близок до Орбан. Застапува тврд став за миграцијата, се противи на испорака на оружје за Украина и не дава јасни позиции за одредени општествени прашања.

Аналитичарите посочуваат дека и покрај разликите, Маѓар и Орбан доаѓаат од сличен политички и идеолошки контекст, што остава отворени прашања за идната насока на Унгарија.

Она што е сигурно е дека со победата на Маѓар, земјата влегува во нова политичка фаза по повеќе од една деценија доминација на Орбан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 14 часа

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 14 часа

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања