Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Kолку струја троши chatGPT? Истражувачите велат дека потрошувачката надминува цела држава!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
ChatGPT

Ново истражување открива дека функционирањето на ChatGPT бара повеќе електрична енергија отколку што за една година троши цела Словенија. Универзитетот во Род Ајленд пресметал дека годишната потрошувачка на оваа алатка достигнува околу 17,23 терават-часови (TWh) – бројка што ја илустрира енергетската побарувачка што ја создава брзиот раст на вештачката интелигенција.

Во анализата се наведува дека ChatGPT троши околу 0,189 киловат-часови електрична енергија по едно барање, а проценките се засновани врз податокот дека 810 милиони активни корисници поставуваат во просек 22 прашања неделно. Тоа значи дека дневно се обработуваат над 2,5 милијарди барања, што бара околу 47,2 мегават-часови електрична енергија.

— реклама —

Истражувачите сликовито го споредуваат овој обем: количината на енергија што ја троши ChatGPT би била доволна за да се наполнат околу 238 милиони електрични возила со батерии од 72,4 киловат-часови. За споредба, едно просечно домаќинство во САД или Западна Европа дневно користи околу 29 киловат-часови.

Алан Голдберг од „Best brokers“ предупредува дека и покрај подобрената енергетска ефикасност на ваквите системи, растечкиот број корисници и сè посложените модели на вештачка интелигенција ги поништуваат направените заштеди.

— реклама —

„Без технолошки иновации, трошоците за користење на вештачка интелигенција би можеле да се зголемат уште повеќе“, вели Голдберг, посочувајќи дека индустријата мора да инвестира во поефикасни решенија за да го одржи развојот одржлив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

struja-585x447-1

Без струја делови од Центар поради технички зафати

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Електродистрибуција најави прекини на струја во неколку населби

Скопје | пред 1 ден

struja-4

ЕВН најави петчасовен прекин на струја во Сопиште

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh8miguvaro89bHOajL0

Делови од Скопје денес без струја

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања