Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Концепт за дигитално Скопје: унифицирана платформа, бесплатен интернет и паметни решенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави концептот за дигитално Скопје, со кој, како што рече, „со еден клик“ граѓаните ќе можат да пристапат до сите градски услуги.

„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ изјави Шукова. Таа нагласи дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде таа.

— реклама —

Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна Шукова.

— реклама —

Планот вклучува и портал со отворени податоци, апликација за јавно мислење (Citizens engagement system), како и бесплатен интернет во автобусите, автобуските станици, на плоштадот и во Градскиот парк.

„Со сензори и апликации имаме решение за паметно паркирање, мерење на квалитет на воздух и бучава, следење и управување со отпад, паметно мерење на проток на вода, мониторинг на инфраструктура, загадување и безбедност во реално време,“ појасни Шукова, додавајќи дека ваквите решенија ќе придонесат за намалување на метежот, помало загадување, поголема енергетска ефикасност и современи дигитални услуги достапни за сите.

Посебен акцент е ставен на младите, кои ќе имаат можност сами да креираат апликации и АИ-алатки преку новата платформа. „Со тоа ги вклучуваме младите во градењето на дигиталното Скопје,“ рече Шукова. „Ова не е технологија заради технологија, ова е визија за поквалитетен живот, транспарентно управување и иновативен град што расте со своите граѓани.“

„Скопје ќе биде подготвено за иднината – дигитално, паметно и хумано,“ заклучи Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 22 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања