Познатиот композитор Григор Копров јавно и се извини на српската нација, поради тоа што од нашето жири не добиле ниту еден глас на Евровизија 2019.
Тој на социјалната мрежа фејсбук објави:

-Лично чувствувам потреба да им се извинам на колегите и на братска Србија. Затоа што во 2007 година, на изборот во Хелсинки кога имав песна со Каролина Гочева композицијата ,,Мојот свет” во нашата делегација немаше режисер, а требаше.
Сите проби од визуелен аспект беа катастрофални, затоа што никој од нас присутните не знаевме стручно да кажеме што не е добро. Да напоменам дека во полуфиналето имаше 27 држави, и тоа беше во историјата на Евровизија најтешко полуфинале, затоа што 17 држави отпаѓаа. Да кажам дека македонската и српската делегација беа во ист хотел, и за голема среќа во нивната делегација беше и режисерот Дарко Камарит, кој е мој личен пријател.Бидејќи пробите беа при крај, незадоволството беше големо, затоа што визуелниот ТВ настап на Каролина беше катастрофален и очигледно дека со таков настап нема финале.
Јас во таа ситуација бев во очај. Го повикав на кафе Дарко Камарит и му се обратив со овие зборови:
-Дарко, од ова што го барам од тебе апсолутно не зависи нашето пријателјство. Имено, нашиот режисер, од за мене непознати причини не допатува и нашиот настап е лош. Те молам ако е икако можно да дојдеш и да помогнеш да се реши визуелно она што ние не знаеме објективно да им појасниме на луѓето во режија. Имам во предвид дека ти не си овде приватно и дека претставуваш друга земја, така да, од оваа твоја одлука не зависи нашето пријателство.
Дарко без никакво двоумење рече -Да, дојде и им објасни во режија што треба да се корегира. Имавме фантастичен настап и влеговме во финале.
Ја користам приликата уште еднаш јавно да му се заблагодарам, како него лично, така и на српската делегација. Прашање до сите кои ќе го прочитаат ова: Како ќе постапевме ние во обратна ситуација?
Жири комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај, напиша Копров.
Инаку македонското жири беше во следниот состав: Сузана Стефановска (музички уредник), Фјола Исмаили (музичар), Роберт Вукелиќ (пејач), Христина Мицковска (радио диџеј) и Ристо Апостолов (музичар).
Жири комисијата 12 те поени и ги додели на Италија,10 на Австралија и 8 на Албанија. Спротивно на ова, нашата претставничка од српското жири доби 12 поени.
Дека народот не се сложува со оваа распределба на гласовите докажува и телевоутингот. Според овие гласову Србите од нас добија 10 поени.