Корејската поп-ѕвезда Гоо Хара (28) пронајдена е мртва во својот стан. Пејачката на популарниот јужнокорејски бенд Кара пронајдена е во бессознание во својот дом во Сеул, пренесува The Sun.
Пред шест месеци, имено, пејачката се обидела да се самоубие.
Мртвото тело на Хара било пронајдено во нејзината куќа околу 6 часот наутро по локално време. Само неколку дена порано, таа одржала концерт во Јапонија, каде имала и петдневна турнеја и промоција на нејзиниот нов соло албум.
Поранешната членка на женскиот бенд „Кара“, исто така, пред неколку недели објавила извинување до своите фанови поради тоа што на почетокот на година „предизвикала“ метеж, кога ја најдоа во несвест во нејзиниот стан во главниот град на Јужна Кореја.
фото: Mothership.SG