Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кошничките се измама, Мицкоски дозволи трговите да се богатат на грбот на граѓаните, обвини потпретседателката на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, власта предлага целосно неефикасни мерки, води погрешни економски политики, а на крајот цехот го плаќаат граѓаните“, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ:

— реклама —

ДПМНЕ не прифати ниту еден еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на гаѓаните. Не се прифати ниту предлог Законот на СДСМ за покачување на минималната плата, ниту амандманот за повисоки плати со Буџетот за 2025 година, ниту предлог Законот за укинување на ДДВ за храна.

— реклама —

Но затоа, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, Мицкоски им овозможи на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%.

— реклама —

На едно четиричлено семејство му се потребни 62.021 денари за да може да го помине месецот. Не само што растат цените на прехранбените производи, туку и за една третина во однос на лани се зголемени сметките за струја.

Дали во математиката на Мицкоски постои формула како со минимална плата од 22.567 денари, дури и двајца членови од семејството да ја земаат, можат да преживеат во месецот?

Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените.

Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците.

Почитувани,

Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството. Повеќе од кога било е потребно зголемување на минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада.

Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги.

Ако Владата и Мицкоски навистина се грижат за граѓаните како што кажуваат, тогаш во 2025 година ќе ја зголемат минималната плата на 500 евра, за да се заштити стандардот на работниците и нивните семејства.

СДСМ, како одговорна партија нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството. Повторно повикуваме, да се прифатат нашите предлози за повисока минимална плата и за укинување на ДДВ за храна. Ова се решенија кои се во интерес на сите граѓани. Сите ние носиме одговорност да им помогнеме на граѓаните да имаат пристоен живот.

Доста е веќе од лаги и лажна грижа, граѓаните заслужуваат и очекуваат Влада која се грижи и работи за нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 4 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 20 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања