Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Костовски: Граѓаните во Бутел чувствуваат дека општината се менува на подобро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

За да има едно релаксирање треба да имаме влада која што навистина има сериозен план да создава нешто, истакна Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во своето гостување во радио Лидер.

— реклама —

Костовски укажа дека граѓаните на општина Бутел се убедени дека тој станал градоначалник да ја менува општината на подобро и заради тоа даваат поддршка.

— реклама —

Колку што се сеќавам во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со покрупни проекти имаше често поддршка и од страна на опозицијата. Јас секако го земам примерот и со општина Бутел, мислам дека советниците од сите политички партии веќе се убедени дека станав градоначалник за да пробам да ја менувам општината на подобро и тие тоа го чувствуваат и токму заради тоа даваат поддршка, рече Костовски.

— реклама —

Тој во своето гостување потенцираше дека голем број од проектите кои ги ветил се или започнати или веќе завршени.

Има неколку проекти кои ги ветив и сакам да почнат да се градат како што е градење на нова поликлиника во Бутел, затоа што другите капитални проекти се или започнати, а некои и се завршени. Но еве народски кажано сакам да си ја довршам работат која што сум ветил, кажа тој.

На крај Костовски се осврна и на изборите каде порача дека во Бутел ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови.

Во врска со парламентарните изборите со сигурност можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови во Бутел, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања