Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ковачки: Во изборната единица 3 очекуваме масовна излезеност на граѓаните и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во радио Лидер зборуваше дека тој како носител на изборната единица 3 очекува голема победа, масовна излезност на граѓаните и голем пораз на власта.

— реклама —

Да, носител на листа ќе бидам на изборната единица 3, тоа е една од поголемите изборните единици, имаме 22 општини, практично се протега од скопските општини Зелениково, Петровец, Илинден па се до крајниот исток до Берово. Сериозна изборна единица во која што очекуваме голема победа, очекуваме една масовна излезеност на граѓаните, со цел да ги поразиме овие што се на власт, рече Ковачки.

— реклама —

Тој во текот на своето гостување порача дека понудата која ќе ја даде ВМРО-ДПМНЕ на престојните парламентарни избори ќе бидат проекти, економски развој, правда односно се она кое што го немаат граѓаните во изминатиот период.

— реклама —

За секои избори се подготвува стратегија, се проучува противникот. Тука оружјето е зборот и понудата која што ќе ја имаме да ја дадеме на граѓаните, тоа се нови проекти, економски развој, правда, ред, поредок, практично се она што во изминатиов период го немаме, кажа Ковачки.

Ковачки потсети дека власта на СДС е толку неспобна што со години не успеа да го изгради и автопатот до Охрид.

Погледнете ги црните листи, погледнете го правосудството, погледнете го степенот на корупција кој што постои во Македонија и по тие параметри ќе видите кој е за ЕУ, а кој против ЕУ и направете споредба со изминатиот период. Ако некој не е во состојба да изгради еден автопат толку и толку години, јас веќе заборавив колку години се прави тој автопат до Охрид, тоа е врв на неспособноста. Она што тие го нудат во моментот е токму тоа, порача Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања