Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Крвави избори во Турција, две лица загинаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
turcija-izbori

Темел Карамолаолу, лидер на малата турска исламска партија Фелисити изјави дека две лица биле убиени во источниот дел од Турција на избирачко место.

— реклама —

Тој на својот профил на „Твитер“ напиша дека волонтер и набљудувач на изборите се убиени во округ во провинцијата Малатја.

— реклама —

Турската новинска агенција „Анадолија“ извести дека едно лице е убиено, а едно повредено во расправија помеѓу симпатизерите на конкуретскиот кандидат на локалните избори, пренесе „АП“.

— реклама —

Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат повеќе од 57 милиони луѓе на околу 200.000 избирачки места во 922 окрузи. Граѓаните избираат претставници во локалните собранија, како и десетици илјади соседски или селски администратори, наречени „мухтари”. Аналитичари оценуваат дека во случај на добар изборен резултат на партијата на Ердоган, тој ќе ја зајакне својата контрола врз претседателството, парламентот и локалната самоуправа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања