Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кумановец под истрага во Хрватска за силување на девојка од Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
zagreb-ubistvo-policija

Хрватското обвинителство во Шибеник поднесе обвинителен предлог против 28-годишен маж од Куманово, кој се сомничи дека извршил низа тешки кривични дејствија над жена од Венецуела што престојувала во Задар и се занимавала со сексуална работа. Осомничениот е во притвор додека трае постапката, пишува Zadarski.hr.

Паралелно со тоа, обвинителството покрена постапка и против 34-годишен жител на Задар, за кој тврдат дека учествувал во грабеж поврзан со истиот случај. За него се бара изрекување мерка присилно лекување, бидејќи според вештачење, делото го сторил во состојба на неурачунливост.

— реклама —

Според обвинителниот акт, во периодот од мај до јуни 2025 година, кумановецот првпат стапил во контакт со Венецуелката и платил за сексуален однос. Подоцна, како што се тврди, повеќе пати се појавувал во становите што таа ги изнајмувала во Задар, инсистирајќи да продолжат со интимни средби.

Кога таа одбила и му ставила до знаење дека не сака да продолжи, тој ѝ се заканил дека ќе повика луѓе што би ѝ наштетиле и дека ќе ја пријави во полиција поради нејзината работа, а со тоа ја довел во состојба на силен страв.

— реклама —

Под влијание на тие закани, според обвинителството, осомничениот имал сексуален однос со неа двапати без нејзина согласност – еднаш во стан во Задар и еднаш во Сплит.

Обвинителството ги смета наводите за доволни за покренување судска постапка, а двајцата осомничени остануваат во притвор додека трае судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања