Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Курти победник со 57 пратенички места, најголем губитник Демократскиот сојуз на Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
kurti

На Косово заврши пребројувањето на сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември, а се очекува Централната изборна комисија наскоро да ги соопшти конечните резултати, потврди нејзиниот портпарол Ваљмир Ељези.

— реклама —

Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти освои 51,11 отсто од гласовите и обезбеди 57 пратенички места во идниот состав на собранието.

— реклама —

Демократската партија на Косово освои 20,19 отсто од гласовите и во Собранието ќе има 22 пратеника.

— реклама —

Демократскиот сојуз на Косово е најголемиот губитник на изборите од 28 декември. Оваа партија падна на 15 пратенички места, со освоени 13,23 отсто од гласовите.

Во Собранието, Алијансата за иднината на Косово ќе има шест пратенички места, со 5,5 отсто од гласовите.

Од 10-те загарантирани места за Србите, Српската листа ќе има девет пратеници, додека партијата „За слобода, правда и опстанок“ ќе има едно пратеничко место.

Следните 10 места ги обезбедија: Косовската демократска турска партија – две места, а „Вакат“, Нова демократска партија, Нова демократска иницијатива на Косово, Социјалдемократската унија, Египетската либерална партија, ПСА, Единствената горанска партија и Прогресивното ромско движење на Косово ќе имаат по едно пратеничко место.

По пребројувањето на сите гласови, портпаролот на Централната изборна комисија, Ваљмир Ељези, изјави дека политичките партии имаат рок од 48 часа да поднесат жалби за наводни прекршувања на правилата за време на пребројувањето.

Ељези додаде дека Демократската партија на Косово веќе поднела жалба за дел од гласовите испратени по пошта, тврдејќи дека пристигнале по истекот на законскиот рок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16e4h04u329racF6PUy

(Видео) Тврдења од Косово: во разговори поврзани со луѓе блиски до Курти се споменува атентат врз американскиот дипломат Гренел

Свет | пред 2 седмици

vjosa-osmani-2

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Свет | пред 3 седмици

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Вјоса Османи му го додели мандатот на Курти за состав на новата косовска влада

Свет | пред 1 месец

media-library6q8geqbgl291ajC4FPA

Сеизмолог за Косово предупредува: Историските податоци покажуваат ризик од потреси до 6,5 степени

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања