Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кузеска: СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryfqj716mtrb1026ZtEjt

СДСМ обвинува дека е блокиран законскиот избор на вицегувернери во Народната банка и дека мандатите на две вицегувернерки истекле уште лани, иако роковите од Законот (член 55 став 1) се пробиени. Според Богданка Кузеска, доцнењето ја доведува во прашање легитимноста и функционалноста на одлуките на Советот и директно го посочува Трајко Славески како одговорен, со сомнеж за неспособност или партиско калкулирање. СДСМ бара итна истрага и предупредува дека финансиската стабилност не смее да трпи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скандалот со блокираниот изборот на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција. Зошто се кочи изборот на вицегувернери? Дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а се уште нема избор, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

— реклама —

„Прекршен е член 55 став 1 од Законот за Народна банка и рокот од 22 декември 2025 година е изминат.

— реклама —

Ова доцнење отвора и дополнителна дилема:

— реклама —

Дали одлуките на Советот на Народната банка во вакви услови се целосно легитимни и функционални?

Кога клучни позиции не се пополнети, се доведува во прашање фукционирањето на Народната банка.

Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба.

Ова не е првпат Славески да носи политики на штета на граѓаните.

Да потсетиме:

Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работниците

Како претседавач на Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад.

Истиот тој човек денес управува со Народната банка.

Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање?

Народна банка е место за професионалци а не за партиски кадри на Славевски.

СДСМ бара, итна истрага за причините.  Финансиската стабилност не смее да биде жртва на политички игри и на неспособноста на Славески“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydllml4829l7v0euuYZQ

Кузеска: Цените растат, платите не - Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl57fijdkhjfh1QcH4Qj

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoifos19g6i2e53Q6qKk

Кузеска: ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjmnbmball8q5buFKWu1

Кузеска: Мицкоски лаже, многу, многу лаже!

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања