Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library76jvfjrm8rnu2dYIec2

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ.

„Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС на власт, јас се сеќавам дека Законот за прекршоци се смени и законските казни се многу мали, мораме да интервенираме во Законот за прекршоци да се направат високи казни за вакви нешта. Не може владејачка партија да креира паника, која е апсолутен фаворит на овие избори , и јас кога слушав дента дека има три пожари,  и верувајте не само јас. Еве една анкета да направиме ќе ви кажат дека овие пожари не се случајни. Директор на Дрисла е ДУИ, директор на комунална хигиена е ДУИ. Е сега да видиме на кого му одговара да крева паника кај граѓаните? Се разбира на ДУИ“, објасни Ласовска.

— реклама —

Пратеничката Ласовска му реплицираше на пратеникот Снопче кој исто така беше дел од дебатата и гостин во емисијата, при што потенцираше:

„Која е потребата колега Снопче да го браните ДУИ кога до вчера бевте со нас во Владата?  Колегата спомна дека добра реакција имаше во моментите кога министер за здравство беше вашиот сопартиец Таравари тоа ние не го спориме, и сега вие наместо тоа да го кажете вие го браните ДУИ“.

— реклама —

Ласовска се осврна и на темата за правосудството во земјава, и потенцираше дека по завршувањето на локалните избори кои следат потребно е да се изнајде решение за проблемите со правосудството во Македонија, при што во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Сања Лукаревска, истакна:

„Ако вие имате соломонско решение како да го решиме проблемот со јавното обвинителство и со судството кажете. Кога излегуваме на избори втор пилар наш беше борба против корупција и криминал и владеење на правото“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 20 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања