Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лицемерието на СДС се гледа и во ССМ – бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат, Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library649377a2c8tsdwFByP5

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека лицемерието на СДСМ се пресликува и преку Сојузот на синдикати на Македонија, посочувајќи дека тие јавно бараат повисоки плати, но кога им се нуди конкретно и остварливо решение, истото го одбиваат.

— реклама —

Манасиевски оцени дека СДСМ и Венко Филипче излегле со предлог за минимална плата од 600 евра, но без јасен и подготвен законски модел, без техничка подготвеност и без одговор на прашањето од каде ќе се обезбедат средствата. Според него, на дополнителните прашања, одговорот бил дека „ќе биде“, што, како што рече, не е сериозен пристап кон економската политика и кон работниците.

— реклама —

Тој посочи дека и ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, излегол со исто барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на платите, но кога Владата понудила тие барања да бидат исполнети до крајот на мандатот, синдикатот одбил да го прифати предлогот. Според Манасиевски, причината за тоа е политичка зависност, а не заштита на интересите на работниците.

— реклама —

Тој нагласи дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ не ветуваат нереални решенија, туку настапуваат со, како што рече, искрен, чесен и достоинствен пристап кон подобрување на животниот стандард. Манасиевски потсети дека пред околу две години државата била затекната со уништена економија, сериозни буџетски дупки, исцрпени институции и систем на работ на финансиски колапс, како последица на, според него, лошите економски политики на претходната власт.

Во тој период, додаде Манасиевски, ССМ и неговото раководство молчеле и не реагирале на состојбата во која се наоѓале работниците и јавните финансии. Затоа, тој повторно ги повика синдикалните претставници да го прифатат предлогот на Владата и да го потпишат новиот колективен договор.

Според предложената динамика, како што информира Манасиевски, работниците во април 2026 година би добиле зголемување на платите од околу 15 проценти, односно најмалку 3.580 денари, а со ова темпо јавниот сектор би достигнал минимална плата од 600 евра до 2028 година, што, според него, е реален и одржлив модел за подобрување на животниот стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 13 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 18 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 18 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања