Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лукровски со план да го врати сјајот на Карпош – зелена, чиста и модерна општина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Општина Карпош во изминатите четири години целосно уназадила, а наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на живот, владеат безредие и хаос.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека граѓаните на Карпош заслужуваат човек со план, визија и стратегија за работа, кој ќе се однесува домаќински со општинските пари и ќе ги решава проблемите на карпошани, слушајќи ги нивните барања.

— реклама —

Како вистински избор за општината партијата го посочува Сотир Лукровски, кој, според најавите, ќе се залага да го врати сјајот на Карпош и да ја направи општината зелена, чиста и модерна.

— реклама —

Во својата програма Лукровски ветува изградба на нова рекреативна зона „Карпош хајкинг делта“ со пешачки и велосипедски патеки, летниковци и пошумување со 10.000 нови садници. На површина од половина милион квадратни метри планира да се изгради мега-забавен парк „1020“, со спортски центар, картинг-патека и мини голф-комплекс покрај Лепенец — простор наменет за спорт, адреналин и рекреација за сите генерации, кој, како што се наведува, ќе го стави Карпош на мапата на модерните општини.

За справување со сообраќајниот метеж, Лукровски предвидува изградба на 600 нови паркинг места, како и дигитализација на услугите преку новата апликација „МОЈ Карпош“, која ќе им овозможи на граѓаните да пријавуваат проблеми директно до надлежните служби.

Програмата содржи и мерки за најмладите – изградба на нова детска градинка и проширување на постоечките, како и субвенции за реконструкција на фасадите, со цел зголемена енергетска ефикасност, пониски сметки и поубава урбана слика.

Планирана е и изградба на два нови затворени училишни базени, каде што децата ќе можат да пливаат и да се рекреираат.

Во партиското соопштение се додава дека граѓаните ќе одлучат дали Карпош ќе тргне по нов правец или ќе продолжи да тоне во ѓубре и смет, а партијата ги повикува карпошани на 19 октомври да гласаат за „вистинскиот избор – Сотир Лукровски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Скопје | пред 2 дена

media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Скопје | пред 6 дена

media-libraryl5njgabklnkjdP6PzIo

Општина Карпош субвенционира купување на нови велосипеди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања