Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Маѓар: Илјадници пријави за изборни нерегуларности, ќе следуваат тужби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Лидерот на опозициското движење Тиса, Петер Маѓар, во обраќање до јавноста порача дека денешниот ден во Унгарија претставува „празник на демократијата“, истакнувајќи ја рекордната излезност на гласачите.

Тој им се заблагодари на сите граѓани што го искористиле своето право на глас, нагласувајќи дека ваква излезност не е забележана од 1990 година.

— реклама —

„Луѓето ја почувствуваа важноста на изборите“, рече Маѓар, додавајќи дека благодарност заслужуваат сите, без оглед за кого гласале.

Осврнувајќи се на анкетите, Маѓар потенцираше дека целта на неговата партија не е победа во истражувањата на јавното мислење, туку на изборите. Тој изрази оптимизам за исходот, но нагласи дека станува збор за „внимателен оптимизам“.

— реклама —

Маѓар информираше дека Тиса примила илјадници пријави за наводни изборни нерегуларности, од помали до посериозни случаи, најавувајќи дека ќе бидат преземени сите правни чекори.

„Секој што сторил изборна измама ќе одговара пред законот“, порача тој.

Во своето обраќање, тој им се заблагодари и на повеќе од 50.000 волонтери и набљудувачи, оценувајќи дека нивното присуство е неопходно поради, како што рече, нефункционалноста на системот.

На крајот, Маѓар ги повика поддржувачите да останат мирни и достоинствени, демантирајќи информации дека партијата подготвува какви било активности по објавувањето на резултатите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 16 часа

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 16 часа

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања