Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Маѓар најави состанок со шефот на енергетската компанија МОЛ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Победникот на унгарските парламентарни избори Пeтер Маѓар најави дека денеска ќе се сретне со претседателот на управниот одбор на енергетската компанија МОЛ, Жолт Хернади.

Маѓар соопшти дека од него ќе побара информации за сигурноста на снабдувањето со гориво во Унгарија, како и преиспитување на исплатата на дивиденда за Фондацијата „Матјаш Корвинус Колегиум“.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Маѓар истакна дека очекува МОЛ да не исплати дивиденда во износ од 25 милијарди форинти на оваа фондација со седиште во Будимпешта.

Неколку дена пред изборите беше објавено дека групацијата МОЛ одобрила финансиски извештај за 2025 година и донела одлука за исплата на вкупна дивиденда од 241 милијарда форинти, што претставува зголемување во однос на претходната година.

— реклама —

Според порталот „Теlex“, околу десет проценти од акциите на МОЛ се во сопственост на Фондацијата „Матјаш Корвинус Колегиум“, поради што дел од дивидендата завршува кај оваа институција поврзана со политичкото опкружување на премиерот Виктор Орбан.

Претседателот на управниот одбор на МОЛ, Жолт Хернади, изјави дека 2025 година била тешка поради регулаторни промени, прекини во снабдувањето со нафта и пожар во рафинеријата, но дека компанијата излегла посилна од тие предизвици.

Тој претходно изјави дека се запознал со Маѓар во 2023 година, но оттогаш не се сретнале, додавајќи дека МОЛ е „неизбежен дел од унгарската економија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 10 часа

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 10 часа

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања