Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, 18 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
tose

Поминаа 18 години од смртта на нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески кој на денешен ден пред загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

— реклама —

Во негова чест и оваа година по ред, маратонците од Нова Градишка трчаат до Крушево. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, тие треба да пристигнат во Крушево.

— реклама —

Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

— реклама —

Тоше го загуби животот во екот на неговата најблескава кариера, токму кога одбележуваше десет успех и кога таа почна да станува меѓународна. Албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Семејно насилство во Крушево: Со тврд предмет ја нападнал мајката на сопругата – приведен крушевчанец

Македонија | пред 10 часа

media-libraryk12mfjpovdfj9NjRCsq

(Видео) Откако девојче вперува пушка кон братчето во Крушево, полицијата влезе во нивниот дом

Македонија | пред 4 месеци

132768234

Два инцидента со параглајдеристи во Крушево - еден во безсознание е итно пренесен во Скопје, другиот бил заглавен на дрво

Македонија | пред 7 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-01-at-19.24.17_afb95d8e

Илинденската коњаница пристигна во Крушево

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања