Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Македонија станува заложник на тате-бате-сине непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-sdsm-co-5

— реклама —
„ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

— реклама —
Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт.

И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот.

Наместо да ја користат својата енергија и потенцијал за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ.

ДПМНЕ не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за „своите“.

Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени!

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 6 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 8 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 ден

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања