Македонски државјанин загина откако бил прегазен од автомобил додека менувал гума на комби, во понеделникот во Швајцарија, дознава 24 Инфо. Трагичната сообраќајка се случила на автопатот А1 во близина на местото Обербурен во кантонот Сент Гален.
Возач на комби пријавил во локалната компанија за помош на пат дека му е дупната гумата, па на повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кусо стигнал на местото. Тој заедно со возачот(50) со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума.
Тогаш во нив налетал автомобил „алфа ромео“ управуван од 24 годишен возач , по што работникот и возачот со тешки повреди биле пренесени во болницата. Лекарите се обидувале да го спасат Адем, но тој истата вечер починал.