Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Македонскиот туризам на меѓународната мапа: Љутков со средби во Мадрид и силна поддршка од UNWTO

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc1fdj26d7cn0ak67vTi

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари значајна средба со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Средбата помина во пријатна и работна атмосфера, при што беа разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив туристички развој.

— реклама —

Министерот Љутков упати честитки до Ал Новаис по повод нејзиниот избор за генерален секретар, нагласувајќи ја клучната улога на UNWTO во промовирањето на туризмот како двигател на одржлив развој, економски раст и меѓународна соработка, особено во услови на глобални предизвици за туристичкиот сектор. Тој истакна дека Владата стратешки го препозна туризмот како значаен економски сектор, што резултираше со негово вклучување во Министерството за култура, со цел воспоставување системски пристап и поефикасно управување со туристичките политики. Во таа насока, министерот информираше дека се работи на подготовка на нова Стратегија за туризам како клучен документ за понатамошен развој на секторот.

— реклама —

На средбата стана збор за улогата на туризмот во рамномерниот регионален развој, валоризацијата и заштитата на културното наследство, развојот на руралните подрачја и зголемувањето на конкурентноста на туристичката понуда. Посебен акцент беше ставен на потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони. Беше нагласено и значењето на полноправното членство на Македонија во UNWTO, како и можноста експерти на Организацијата да се вклучат во процесите на едукација и јакнење на кадрите во туризмот, со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во секторот. Средбата беше оценета како значајна основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и UNWTO во наредниот период.

— реклама —

Претходно министерот Љутков оствари и работна средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на билатералната соработка во туризмот, како продолжение на разговорите започнати на Конференцијата КОП29 во Баку, при што беа разгледани можностите за отворање нов туристички пазар, потпишување Меморандум за разбирање, организирање B2B-средби и промоција на туристичката понуда на Македонија, со акцент на културен, верски, ено-гастро и активен туризам.

Во рамките на посетата, министерот Љутков денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“, што ќе се одржи во присуство на шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Активностите во рамките на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“ ја потврдуваат определбата на Министерството за култура и туризам за интензивна меѓународна соработка, зајакнување на институционалните капацитети и позиционирање на Македонија како атрактивна, конкурентна и одржлива туристичка дестинација во текот на целата година.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

univerzalna-sala-12.06.2020

Тендерот за Универзална сала може пак да се поништи, избран изведувач ама има жалба

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytiajqi12c016aTXVS0w

Љутков: Тврдењата за злоупотреба на службената положба се неосновани и неточни, синдикатот бара незаконска пресметка на платите

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryov607qbpgij3cdOaxb1

Левица: Министерот Љутков е отсутен и незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

Синдикатот за култура контра Љутков: Преседан, министерот ги пречекорува овластувањата и се поставува над судот

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања