Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Макрон: Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
makron

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се обрати на гренландски и дански јазик за да ја изрази поддршката на островот по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, пренесуваат „Политика“ и „Фигаро“.

„Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски, додека на дански истакна дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“.

— реклама —

Претседателот ја оцени како „стратешки повик за будење за цела Европа“ неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Гренланд да стане дел од САД. Макрон додаде дека Франција „била вчера, е денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.

Премиерката Фредериксен му се заблагодари на Макрон за заштитата на заедничките вредности и го пофали „конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот. Премиерот на Гренланд, Нилсен, истакна дека Франција била покрај Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека тоа нема да се заборави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makron

Макрон го поддржа примирјето на Израел и Хезболах, но повикува на претпазливост

Свет | пред 5 дена

— реклама —
makron

Макрон и јужнокорејскиот претседател подготвуваат план за безбедноста во Ормускиот теснец

Свет | пред 2 седмици

makron-3

Макрон: Војната со Иран нема да ја одврати Франција од поддршката за Украина

Свет | пред 1 месец

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Макрон повика на воздржаност од Израел и Хезболах

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања