Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манасиевски со прашања до СДСМ за наводна улога на Башановиќ во енергетски и политички зделки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i
YouTube Print Screen

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати низа прашања до СДСМ, поврзани со наводната улога на Зоран Башановиќ во политички и економски процеси во изминатиот период.

— реклама —

Манасиевски праша дали Башановиќ, за кого тврди дека е поврзан со ПР тимот на СДСМ, имал посредничка улога во, како што наведе, „матни бизнис зделки“ во енергетиката, како и во процесите поврзани со промената на името на државата.

— реклама —

„СДС да одговори дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој дополнително изнесе тврдења дека Башановиќ, кој според него бил советник во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, имал улога во поврзување на македонското и грчкото раководство во периодот на договорите меѓу двете држави.

Во изјавата се поставуваат и прашања за евентуални зделки во енергетскиот сектор, вклучително и за договори поврзани со компании и концесии за ископ на јаглен, како и за наводни финансиски односи.

Манасиевски побара од СДСМ да даде јасни одговори на изнесените тврдења, оценувајќи дека јавноста има право да знае дали постоела каква било поврзаност и одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 11 час

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања