Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Масакр на пазар во Сирија: Експлодираше автомобил-бомба, при што загинаа најмалку 7 лица, меѓу кои и деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Најмалку седум лица загинаа, а околу 30 се ранети по експлозија на автомобил-бомба на фреквентен пазар во градот Азаз, во провинцијата Алепо, на северот на Сирија, во близина на границата со Турција.

— реклама —

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат тела на луѓе на земја, оштетени згради и остатоци од запалени автомобили, јавува Би-Би-Си. Бели шлемови, волонтерска спасувачка група која оперира во Сирија, соопшти дека меѓу загинатите има две деца.

— реклама —

Истрагата е во тек, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Градот Азаз е контролиран од милиции кои се борат против сирискиот претседател Башар Ал Асад во граѓанската војна, а во градот се наоѓа и седиштето на преодната влада, опозициска група која тврди дека е легитимна влада во Сирија.

— реклама —

Аналитичарите сметаат дека овој град е стратешки важен како рута за снабдување и поради неговата близина до турската граница. Бомбашките напади врз прометните цивилни области не се невообичаени во северозападниот пограничен регион на Сирија, вклучувајќи го и Азаз.

Во напад во 2017 година, повеќе од 40 луѓе беа убиени кога автомобил-бомба експлодираше пред зградата на судот во тој град, а одговорноста ја презеде Исламската држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryep70pbskngpvfFMnEeW

Муслимани упаднаа во христијански град во Сирија: пукаа по продавници

Свет | пред 1 ден

media-libraryk82msqmngp7v5LWZTj8

Американската војска изведе пет напади врз ИСИС во Сирија

Свет | пред 1 месец

media-library57086u3553pje5f7Ula

САД ги укинаа санкциите кон Сирија, Дамаск ѝ се приклучува на меѓународната коалиција против ИД

Свет | пред 4 месеци

media-librarysnbrbsu4u109fhe6YBq

Велика Британија ги укина санкциите за сирискиот претседател

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања