Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мециновиќ: Скопје е преплавено со отпад – најапсурдната состојба во историјата на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, денеска остро предупреди дека главниот град се наоѓа во најтешка хигиенска и управувачка криза досега, нарекувајќи ја ситуацијата со отпадот „најапсурдната што Скопје некогаш ја имало“.

— реклама —

„Никој не можеше да претпостави дека ќе дојдеме во состојба на вакво преплавување со отпад и целосен колапс на комуналните претпријатија и градските власти“, изјави Мециновиќ, додавајќи дека без разлика кој ќе победи на изборите, новата администрација ќе мора веднаш да почне со чистење на градот.

— реклама —

Тој ги повика сите скопски градоначалници – и оние кои веќе победија и оние што одат во втор круг – да ги надминат партиските поделби и да работат заедно во интерес на граѓаните.

— реклама —

Според Мециновиќ, Скопје денес го доживува „крахот на локалната власт под контрола на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Четири години локалната власт беше во нивни раце, и на ниво на град, и во најголем дел од скопските општини. Не смееме повторно да си дозволиме луксуз да се играме со здравјето на скопјани и да поддржуваме партии кои од суета создаваат кризи“, изјави тој.

Мециновиќ ја обвини актуелната влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“.

Тој најави дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, веднаш ќе започне со санација и реформа на ЈП „Комунална хигиена“, со цел враќање на неговата ефикасност и јавен карактер. „Ќе се спротивставиме на сите обиди за приватизација на претпријатието. Градот мора да го исчистат институции што му служат на народот, а не приватни компании што ќе профитираат од кризата“, порача Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања