Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мерко нема да го поддржи кандидатот на НАИ во вториот круг од локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Актуелниот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, во објава на ФБ ги демантира шпекулациите дека во вториот изборен круг ќе го поддржи кандидатот на Алијансата за национална интеграција, предводена од ДУИ, Арсим Далипи.

— реклама —

„Денес ви се обраќам директно и со најголема сериозност за да ги уништам веднаш новите шпекулации и измислени гласини што имаат цел да ја поткопаат вашата доверба. Се шират гласини дека јас, Рамиз Мерко, ќе го поддржам кандидатот на НАИ во вториот круг. Сакам јасно да нагласам: јас, Рамиз Мерко, не го поддржувам кандидатот на НАИ на изборите,“ напиша Мерко.

— реклама —

Според него, станува збор за „подли гласини на оние што веќе се губитници и сакаат да манипулираат со гласовите на граѓаните“, потенцирајќи дека Независната листа, која ја предводеше на изборите, е сериозно и решително движење чии одлуки се носат по детални консултации, а не преку шпекулации.

— реклама —

Во објавата, Мерко најави дека Независната листа во следните денови ќе одржи состанок со кандидатите за советници и со поддржувачите, по што официјалниот портпарол на листата ќе објави јасна изјава со ставот за вториот круг од изборите.

„Не дозволувајте никој да ве збунува. Верувајте само на официјалното соопштение на Независната листа,“ порача Мерко во објавата на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања