Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува натамошно намалување на цените на горивата, по веќе донесените корекции на Регулаторната комисија.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања, потсети дека претходно најавеното намалување веќе е реализирано, при што безоловните горива и дизелот се намалени за неколку денари по литар, дополнително со попустите што ги дава ОКТА.

— реклама —

„Ние ова го најавивме, се сеќавате во саботата, на прес-конференција во Владата, дека безоловните горива 95 и 98 октани ќе се намалат за 1,5 денари по литар, а дизелот за 2,5 денари“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, според движењата на берзите, постои можност цените да останат на исто ниво или дополнително да се намалат во наредниот период.

— реклама —

„Очекувам дека, од она што го следам на берзите, цените најмалку ќе останат на ова ниво, а можно е и дополнително намалување“, изјави премиерот.

Мицкоски посочи и дека Владата ќе продолжи со мерките за одржување на пониска стапка на ДДВ од 10%, наместо 18%, во зависност од движењата на светските берзи.

Во однос на договорите со ОКТА, тој најави дека попустите ќе продолжат до крајот на април, а се преговара и за дополнително намалување на цената на дизелот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања