Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Многудетното семејство е највисок патриотски чин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library00lnd1pf6qh16EKOUAE

Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката или верската припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека иднината на државата зависи од семејството.

— реклама —

„Нека ме нарекуваат конзервативен или заостанат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите што ќе дојдат по неа – многудетните семејства. Залудни се градинки ако нема деца, залудни се училишта ако нема деца, залудни се автопати и пруги ако нема кој да се вози по нив,“ изјави Мицкоски.

Тој порача дека „многудетното семејство значи иднина и богата држава која ќе се развива по нас“ и упати апел до граѓаните формирањето семејство да се сфати како национална обврска.

— реклама —

Според него, демографските податоци укажуваат на сериозни предизвици: од над 1,8 милиони жители, редовно вработени се околу 700.000, а пензионери околу 350.000.

„Реално присутно население не надминува 1,5 милиони. Во следните 20 до 25 години ризикуваме да станеме држава со под еден милион жители, со однос еден вработен на еден пензионер. Тоа ќе значи колапс за пензискиот и здравствениот фонд,“ предупреди Мицкоски.

„Секој што не ја сфаќа сериозноста на оваа тема, не мисли добро за државата,“ додаде премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања