Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: На сите оние кои денеска го прославуваат Рождеството Христово - Божиќ, им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати божиќна честитка до сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар.

Во своето обраќање, Мицкоски им посака на граѓаните благосостојба, духовен мир и добро здравје, посочувајќи дека божиќните празници се време кога домовите треба да бидат исполнети со радост, љубов и Божји благослов.

— реклама —

Тој истакна дека раѓањето на Спасителот е симбол на надеж, единство и топлина, особено во периоди кога, како што нагласи, е неопходна заедничка сила и поддршка. Мицкоски повика на солидарност и подадена рака кон сите на кои им е потребна помош, без разлика на разликите, со посебен акцент на најранливите категории граѓани.

„Божиќ е празник на дарувањето, љубовта и разбирањето, а нашата историја нè научила дека заедно сме посилни и дека само обединети можеме да ги надминеме предизвиците“, порача Мицкоски.

— реклама —

Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, тој изрази желба за напредок, стабилност и перспектива на државата, нагласувајќи дека Македонија може да биде силна и успешна само доколку постои заедништво и меѓусебна почит.

Мицкоски додаде дека должност на сегашната генерација е, со посветена работа и вера, да се избори за подобар живот и посветла иднина за сегашните и идните поколенија, преку изградба на стабилна, економски силна и праведна држава.

„Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре“, порача Мицкоски, посакувајќи им на граѓаните среќен и благословен Божиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања