Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски нема да прави естрада во Парламентот со разрешување на првата анкикорупционерка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
mickoski

Владата нема намера да се занимава со разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.

Таа е веќе обвинета за оддавање државна тајна како и за фалсификување на тестот за безбедносен сертификат, кој место неа го полагало друго лице.

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема намера да прави естрада во Собранието.

„Има два начини на одговорност, еден е морален кога човек кога обавува некоја функција и ако направи грешка тогаш треба самиот да се повлече. И вториот е кривичен, доколку има сторено кривично дело”, изјави премиерот.

— реклама —

Според Мицкоски, има поедници кои што се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада.

„Што дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе или која било друга политичка партија ќе поднесе? Ете видовте за Судскиот совет, поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму и добиваат илјадници евра врз грбот на граѓаните. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Постои морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи и да заврши со таа работа. А за кривична одговорност тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. Ние сега да правиме естрада, па во парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот. Веќе немаме намера да се занимавме со такви работи”, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања