Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите, ќе следат и нови градинки во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на оваа година во Скопје ќе бидат пуштени во употреба уште неколку нови детски градинки, нагласувајќи дека Владата интензивно работи на зголемување на капацитетите за згрижување на децата.

— реклама —

„Очекувам оваа година уште неколку вакви објекти да ги отвориме во Скопје. Работиме во таа насока и нашата цел е што повеќе вакви проекти да бидат реализирани во најкус можен рок“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој упати честитки до градоначалникот, Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до заменик-министерот, за, како што рече, посветената работа и ангажманот во рамки на расположливите можности на државата и локалната самоуправа.

— реклама —

Премиерот изрази благодарност и до општинската администрација, советниците, како и до претходното раководство на Општина Сопиште, истакнувајќи дека ваквите проекти се резултат на заедничка и континуирана работа.

„Како Влада и во иднина ќе ги поддржуваме сите проекти што се во интерес на граѓаните, а особено оние што се однесуваат на најмладите. Грижата за децата е наш врвен приоритет, а изградбата на вакви објекти е дел од таа стратегија“, потенцираше Мицкоски.

Тој им се заблагодари и на медиумите за нивното присуство и информирање на јавноста за новите проекти кои се пуштаат во употреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 14 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 19 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 19 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања