Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
makedonija-sad

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави:

— реклама —

 „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ.

— реклама —

 Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија.

— реклама —

 Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.

Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе  е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања