„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Мицкоски од Виница: Како опозиционер Заев гордо бараше дуел, а сега не сака да излезе да зборуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_03

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Виница.

На средбата претседателот Мицкоски истакна дека во Република Македонија владее црнило и темнина, односно како што рече тој владата на СДСМ и Зоран Заев на граѓаните наместо живот за сите кои што им го ветуваше им донела чемер и јад, омраза, гнев, уцени и закани.

— реклама —

Мицкоски посебен акцент стави и на македонската економија, потенцирајќи дека владата на СДСМ води расипничка економска политика, додавајќи дека и самите граѓани го гледаат тоа.

— реклама —

„Имаме црнила за земјоделците. Имаме црнила во економијата, во здравството. Имаме црнила во образованието. Луѓето се селат, Македонија се празни. Национално се опустошува. Парче по парче се разграба. Веќе имаме политичари кои се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата, а се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата затоа што не знаат како да ги организираат самите институции во рамките на Владата“, вели Мицкоски.

— реклама —

Претседателот пред присутните објасни зошто Зоран Заев бега д ТВ дуел и јавно соочување со него пред граѓаните на Македонија. Според него, граѓаните имаат право да ја слушнат вистината за неспособноста и негрижата од страна на Зоран Заев и СДСМ за граѓаните.

„Како опозиционер се перчи гордо излегува и кажува луѓе дајте да имаме дуел, дебата меѓу опозицијата и премиерот, а еве сега кога им бараме дебата да излезат заедно, рамо до рамо со овие кои што им се приклучија да ги избрифираат да им кажат за нашите вмровски работи, па и за тоа да збориме. Да збориме и за сите овие промашувања и шарени лаги во програмата „Живот“, еве гледаме сега не сакал да излезе, вели нека го каже Христијан Мицкоски неговиот став за договорот и за НАТО и за ЕУ, а досега едно сто пати сме го кажале нашиот став за договорот, сме го повториле и не знам што треба уште повеќе да кажеме дека строго ќе бидеме, сме биле и ќе останеме против Преспанскиот договор. Повеќе од тоа, појасно и погласно не знам што треба да направиме.

Но стравот е голем затоа што знаат дека ја губат поддршката од народот, знаат дека се што ветија излажаа, народот тоа го препознава. Играа на картата на кратко помнење, но тоа ќе им се удри од глава веќе на следните претседателски избори“, заврши Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања