Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени, голтари влегоа во политика, милионери излегоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library05u9082dcpvteiwJbTd

Овие избори се, всушност, токму тоа, да се одбере вистинската страна, да се направи вистинскиот избор кој ќе донесе ред, работа и проекти. Ова се избори за вашето маало, вашата улица, на кои се избира твојот човек, но и избори со кои се праќа порака до политичарите кои како сидро премногу долго ја влечеа надолу државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Гази Баба, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври.

— реклама —


Мицкоски додаде дека на овие избори од нашите противници не видовме програма, идеи или проекти, туку само гола реторика.

— реклама —


„Отсуството на програма говори дека тие, всушност, и немаат сериозна намера да одиме напред, туку само гола реторика за нови измами и трикови во политиката. Јас сум во политиката за да оставам трага и создадам вредности, тие другите се во политиката за да ги полнат џебовите и поради лични привилегии. Голтари влегоа во политика, милионери излегоа. Но, и ова се избори кога триковите и измамите мораат да бидат поразени“, порача Мицкоски.


Додаде дека во Скопје гледаме како на дело се случува една непринципиелна коалиција, но тоа е нивна работа и со нив нема да се занимаваме.


„Но, она коешто навистина мене ми пречи, не затоа што ми пречи и ме погодува, туку затоа што имаат отсуство на план, стратегија и визија, е тоа што решија да водат кампања со лаги. Како што беа лагите вчера искажани на прес-конференцијата на Венко Филипче. И кога го слушам претседателот на СДСМ, Венко како кажува невистини за буџетскиот дефицит, за инфлацијата, БДП, задолженоста, ми доаѓа да му кажам: во ред, држи се до медицината, затоа што очигледно, повторно, некој те носи во длабокото каде што немаш, навистина, основно познавање“, потенцираше Мицкоски.


Мицкоски му порача на Филипче дека буџетскиот дефицит не е 1 милијарда и 400 милиони евра, како што тој вели, туку е повеќе од двојно помал, односно 600 милиони, додавајќи дека тоа е најмалку за два пати помал од тоа што СДСМ го остави.


„А, инфлацијата, ќе ве потсетам 2023 година 9,4%, 2022 14,2%. Не им пречеа 9,4% и 14,2%, им пречат денешните 3 и пол 4 проценти. Таква е економската логика во СДСМ“, рече, меѓу другото, Мицкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 6 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања