Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: СДСМ имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а наместо тоа мислеа на сопствениот џеб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryj7tq1sgdph505vsqlmj

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток испрати порака до СДС со цел, како што рече, да извлечат поука од погрешните политики во минатото.

— реклама —

„Да испратиме порака и до нашиот политички противник за да извлече поука за погрешните политики коишто ги водеше во минатото, а гледам дека и во оваа кампања од првиот ден тие континуирано од грешка во грешка влегуваат, тие од првиот ден почнаа брутална црна кампања, полна со ниски страсти најчесто напаѓајќи ме мене, преку конструкции, да дефокусираат со невистини. Што имаат тие да кажат ако не водат црна кампања, што направија по што ќе останат запаметени? Треба да им простиме, и да ги оставиме во нивното политичко мочуриште да тонат“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во своето обраќање посочи дел од дилемите на граѓаните кои ги имаат во однос на слоганот на СДС, и дали под дом се подразбираат хациендите на Халкидики и во Дубаи.

— реклама —

„Би сакал неколку реченици да кажам и за слоганот на нашиот политички противник, којшто вели дека ќе се бореле за нивниот дом, често ми го поставуваат прашањето: Претседателе за кој дом мислат? Дали мислат за домот во Дубаи, дали мислат за хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или пак можеби за онаа јахта коишто сите можевме да ја видиме, имаат луѓето дилема. Мојот одговор е секогаш дека тие имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а нашиот заеднички дом е нашата татковина Македонија, тие мислеа за својот џеб, и затоа денеска некогаш големата СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, и на овие избори нивен главен предизвик ќе биде дали ќе освојат 110, 120, или 130 илјади гласа“, истакна претседателот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 6 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 17 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања