Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Следи инвестиција од американско-британска компанија во наменската воена индустрија во Македонија во висина до 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryu5lnu14bk5hvanoOYcI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот завршен митинг одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека е наследена лоша состојба во Македонија која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани, притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции кои се тесно поврзани со неправдите и заштитата на криминалот и ресет на системот без поделби и влијанија.

— реклама —

— реклама —

„Би сакал да знаете дека состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, може слободно да се каже дека почнавме буквално од самите темели на државата. Работиме секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаци, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Ви говорам за периодот по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба“, вели Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област во која ќе се вложува, со што ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.

„Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани, започнуваме со еден нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1000 работни места  и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари“, рече Мицкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 13 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 20 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања