Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Следи период на реализација на 70 нови проекти во различни области, нова развојна фаза на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library96a8okdefqe1bwu7fdx

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на Филхармонија каде што истакна дека  следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области како образование, здравство, земјоделие, култура, проекти кои ќе значат нова развојна фаза на Македонија.

„Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата која ја наследивме, туку таа е многу поголема. Нашата цел не е само политичка победа, туку обновување на вербата дека Македонија може и мора да биде подобра земја. И иако оди потешко од што мислевме, сепак основите ги поставивме. Не можевме веднаш да почнеме со екстремно позитивни резултати, моравме прво да ги направиме темели. Некои мислеа дека тоа ќе оди преку ноќ. Но, темел не се прави од муабет, туку од пот и многу поминати часови на средби, планирања, анализи, патувања, размена на мислења и одлуки.И токму затоа денес можам да кажам: темелот е поставен. Сега по изборите, почнува буквално фаза на жестока работа  и големи резултати. Во наредниот период ќе почнеме со повеќе од 70 нови проекти, во инфраструктура, енергетика, здравство, образование, земјоделие, култура, технологија, правда и други области. Ќе има конкретни чекори: нови училишта, модерни болници, мерки за чист воздух, дигитална администрација и инвестиции што ќе треба да донесат достоинствени плати,“ истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски најави серија конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом.

„Во наредниот период, покрај проектите што ги најавивме, започнуваме со серија на конкретни мерки, кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом. Овие мерки не се само лист хартија, туку планови што ќе го променат животот на луѓето. Да, животот е скап. Да, секој ден е борба со сметки, со гориво, со кирија. Но нема да чекаме да се намалат цените сами од себе. Ќе создадеме услови, за повеќе пари во џебот, за поевтино живеење, за повеќе можности. Мора да ја направиме државата сојузник на граѓаните, а не непријателски систем кој е трул и ги предизвикува да се иселуваат. Ниту еден млад човек нема да биде оставен без шанса за дом. Ниту една мајка нема да мора да избере меѓу кариера и семејство. Ниту еден бизнис нема да пропадне затоа што државата му стои на пат. Тоа е вистинската промена. Ова не е фантазија, ова е план. И како што рекол Ајзенхауер: „Планот е ништо, но планирањето е сè.“ Затоа ќе го градиме системот што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом,“ нагласи Мицкоски.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Ќе има нови мерки за нафтената криза

Македонија | пред 2 часа

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања