Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски со предлог: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryr2jgmaaf2rm90bont1T

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а се осврна и што се може да се направи таму.

„Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат не се женат и не се формираат многудетни семејства“, рече Мицкоски.

— реклама —

Во оваа насока Мицкоски и со конкретен предлог:

„Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите“, вели Мицкоски.

— реклама —

Иако рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.

„Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот“, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 6 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања