Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library4nrdaggd4qkn38SS4QA

Премиерот Христијан Мицкоски во Струга изјави дека се реализира проект со децениско значење, ветуван со години, и дека ваквите проекти низ државата ја менуваат перцепцијата дека „сите политичари и влади се исти“. Нагласи дека Владата работи фокусирано и во рамки на ресурсите, без „чуда“, но со максимална посветеност за поквалитетен живот. Тој им се заблагодари на градоначалникот, владините колеги, пратениците и администрацијата, и порача дека Струга ќе биде меѓу главните приоритети. На граѓаните им вети дека ќе го испорачаат ветеното и ќе се стремат кон уште повеќе проекти.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Струга.

 „Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана се разбира во рамките на нашите можности и ресурси тоа што можеме да го направиме го правиме исклучиво и за интересот на граѓаните. Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние коишто ветуваат чуда не ја говорат вистината ние не сме чудотворци, но ќе дадеме се од себе во спортски жаргон да се изразам, ќе го оставиме срцето на терен за да граѓаните добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот, тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално.

— реклама —

Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, коишто дел од своето менаџерско искуство го пренесува во својата работа овдека во Општина Струга, да се заблагодарам на колегите од Владата што се денеска тука со мене, да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Струга кои се борат за проект повеќе овдека за Струга и генерално за охридското крајбрежје.

Јас сум убеден дека со политиките на Владата, Струга е препознаена и Струга ќе биде еден од нашите главни приоритети во годините коишто доаѓаат.

— реклама —

Благодарам на сите коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, благодарност на администрацијата којашто помага сето ова да се операционализира, функционира и благодарност најголема до граѓаните на Струга коишто имаат трпение и коишто веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме се што е во наша моќ да го испорачаме сето она коешто сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на Општина Струга“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања